05 Декември, 2025
0.0365

Се забрзува легализацијата на дивоградбите!

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2012 17:40

Добивај вести на Viber

Граѓаните кои во рок од 18 месеци нема да поднесат геодетски елаборат, нема да можат да ги легализираат дивоизградените објекти. Ова го предвидуваа измените на законот, кои, како што велат надлежните, се носат со цел да се мотивираат граѓаните да бидат поажурни во постапката за да може целиот процес да заврши во предвидените шест години. Со нив ќе биде овозможено и легализација на објекти кои се изградени на државно земјиште, што беше идентификувано како еден од најголемите проблеми во досегашната примена на законот. - Со предложените измени се пропишува дека е потребно барателот да достави и изјава заверена на нотар, дадена под кривична и материјална одговорност, со која ќе потврди дека предметното земјиште го користи повеќе од 20 години. На тој начин ќе се овозможи утврдување на правен статус и на овие објекти - стои во образложението на предлог измените, што денеска беа предмет на дискусија во собраниската Комисија за транспорт и врски. Важна новина е што со законот се утврдува дека и помошните градби, како гаража или остава, кои се во функција на објект за домување или друг вид на објект, и базени на ниво на терен за индивидуална употреба, исто така спаѓаат во објектите што може да се легализираат. „Тапија“ ќе може да добијат и објекти или делови на објекти кои се пренаменети без одобрение за пренамена. Законот за постапување со бесправно изградни објекти, стапи на сила на 3. март лани. До крајот на рокот, за шест месеци, поднесени беа околу 350.000 барања за утврдување на правен статус на бесправни градби. Од септември лани продолжи втората фаза од легализацијата, во која општините ја проверуваат состојбата на терен, а барателите треба ги достават останатите потребни документи, но таа оди многу бавно. Досега издадени се само околу 30.000 решенија за легализација.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“