Електромобилност Македонија организира настан „Електричен полигон 3“
Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2016 14:37
Организацијата за електрични возила во Македонија - Електромобилност Македонија на 19 септември 2016 година ќе биде дел од големиот настан „Европска недела на мобилност“ под мотото „Паметна мобилност, силна економија“, каде трета година по ред со свои активности е вклучена во одбележувањето на настаните. Во рамки на овогодинешната организација на одбележување на „Европска недела на мобилност“ која ја спроведува Секторот за заштита на животната средина и природата при град Скопје, Електромобилност Македонија организира настан „Електричен полигон 3“.
Целта на „Електричниот полигон 3“ е преку едукативни брошури и презентација од страна на волонтерите од Електромобилност Македонија и дел од учесниците, да се запознаат и едуцираат младите за електричните возила и нивното значење за општеството, заштитата на животната средина и намалување на загадувањето.
Овогодинешниот настан е предвидено да биде збогатен со поголем број на електрични возила како е-велосипеди, е-скутери, мали електрични возила, електрични автомобили како и електричен картинг направен од страна на студентите и професори од Факултетот за електротехника и информатични технологии.
Настанот е предвидено да започне во 09 часот на паркингот веднаш до aнекс просториите на Факултетот за електротехника и информатични технологии и Машинскиот факултет - Скопје.

Во рамки на оваа прилика ги покануваме сите вљубеници во новите технологии на мобилноста да бидат дел од овој едукативен настан, да се дружиме со електричните возила, да ја подигнеме јавната свест и заеднички да придонесеме кон зашитата на животната средина и намалување на загадувањето. Ентузијасти со електрични возила се охрабрени и добредојдени.
Во рамки на организацијата на едукативниот настан за учениците од основните училишта значаен придонес даваат Град Скопје од Секторот за заштита на животната средина и природата, Машинскиот факултет - Скопје, Факултетот за електротехника и информатички технологии, Општина Карпош, ЈП Градски Паркинг - Скопје, ентузијасти за електрични возила и компанијата Мак Аутостар.
Сите информации за досегашните активности и проекти може да ги видите на web страната http://elektromobilnost.mk/ и фејсбук страната http://bit.ly/2cXvN4Z .
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




