18 Декември, 2025
0.0482

ЕЛЕКТРОНСКИ ЌЕ СЕ ЧИТА QR-КОДОТ НА КОВИД СЕРТИФИКАТИТЕ: Здравствените власти бараат да се засили контролата

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2021 12:19

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче нагласи дека ќе инсистираат да се засили контролата на ковид сертификатите, особено по укажувањата од страна на јавноста дека илјадници граѓани поседуваат лажни, односно фалсификувани сертификати.

-Бараме да се ажурура процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, од страна на сите инспекторати и Министерството за внатрешни работи. Имаме електронски алатки, не се само хартиените сертификати. Европските сертификати може да се симнат на мобилните телефони. Има апликација којашто го прикажува вистинскиот QR код и има апликација која ја контролира неговата валидност. Ова значи дека се елиминира можноста да имаме фалсификувани сертификати. Тие две апликации се MK Wallet и MK Verifier кои ги има и на Google Play и на Apple. Ова е мерка со којашто очекуваме значајно да се зголеми опфатот со вакцинацијата, изјави министерот Филипче.

По оној мини пик кој го имавмe во претходниот период, како што рече Филипче, сега ситуацијата е малку спласната, но неопходноста од вакви мерки е огромна.

-Пред нас е зимски период, сезона на грипови, настинки...има пациенти кои заболуваат и од други сериозни болести. Мора да мислиме и на нив, не може да се занимаваме само на ковид и да отвараме само ковид центри. Болниците мора да работат и за другите пациенти со други болести. Затоа сметам дека опфатот на вакцинација ќе се зголеми со ваквата мерка, дека ќе се намали бројот на заразените, бидејќи во овој момент ковид болниците ги опотоваруваат невакцинираните пациенти во најголем процент, близу 80 отсто, истакна министерот за здравство.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери