Добивај вести на Viber
За три години, ќе биде промовиран прототип на автомобил кој ќе се движи речиси без учество на возачот, вети во интервју за весникот “Фајненшл тајмс”, американскиот претприемач и пронаоѓач, Елен Маск кој е и шеф на компанијата Tesla Motors, производител на електро автомобили.
Тој сепак не открива детали околу проектот, кој е базиран на развојот на Tesla Motors, а не на технологијата на други компании.
Според бизнисменот и пронаоѓач, засега не е можно да биде развиен автомобил кој целосно е независен од возачот.
”Според мое мислење уште сме многу далеку од тоа. Многу е тешко да се автоматизираат последните неколку проценти од процесот на возење”, вели тој.
Според него идниот робот ќе биде во состојба да се справи без возач во поголемиот дел од процесот на движење на возилото, но не и во сите ситуации на патот.
Јапонската компанија “Нисан” најави минатиот месец дека има намера да создаде автомобил – робот во 2020 година. Во оваа насока работат и “Мерцедес – Бенц” и “Волво”.