Елена Ристевска ќе се дружи со фановите во Рамстор и Капитол Мол
Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2015 12:28
Во пресрет на Новогодишните празници Македонски Телеком подготви уште едно изненадување за корисниците.
На 25 и 26 декември декември во телеком продавниците во Рамстор и Капитол Мол нашата музичка ѕвезда Елена Ристевска ќе се дружи со фановите. Елена ќе го потпишува и подарува најновиот албум на 25 декември во Рамстор од 13:00 до 14:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да се сликаат и разговараат со неа. На 26 декември Елена ќе ги израдува фановите кои тој ден ќе бидат во телеком продавницата во Капитол Мол од 13:00 до 14:00 часот.
За време на дружењето сите заинтересирани ќе можат одблизу да се запознаат и со услугата LOOP, која нуди одлично мултимедијално искуство и можност за споделување на фотографии и видеа во кругот на семејството. Празниците се одлична можност за споделување на нови заеднички моменти преку фотографија или видео, кои со LOOP, брзо и едноставно, ќе бидат достапни на смарт телефони, на MaxTV, на компјутер и на таблет.
Потребно е само да се активира услугата на www.loop.mk или пак да се преземе бесплатната апликација од Google Play и App Store.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




