01 Ноември, 2024
0.0390

Ем без пари, ем не сакаат да работат

Објавено во: Балкан 29 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Оживеаните стереотипи во грчкото општество се пројавуваат во фактот дека постојат илјадници слободни работни места во земјоделскиот сектор, кои инаку се пополнуваат не од масата невработени Грци и млади, туку од работници од странство.

Конкретните работни места во поголемиот дел од „сезоната“ ги имаат сите карактеристики за нормални работни односи - платено осигурување, предвремено определена надница, обезбедување на место за живеење, и најважното - исплата на платата.

Таква е ситуацијата во регионот на Централна Македонија, а посебно во областите Иматија и Пелас, каде за производството, собирањето и обработката на овошјето, претежно праски, секоја година има потреба од десетина илјади сезонски работници. Како што може да се очекува, овие работни места се за определен период - за три до четири месеци, а во пракса тоа значи работата во полињата да биде извршена од значителен број луѓе кои се невработени. Од младите Грци, на пример.

Всушност, се случува токму обратното. Голем дел од тие работни места, за кои платата е помеѓу 20 и 30 евра за осумчасовен работен ден, или најмалку 600 евра месечно, се „привилегија“ за гурбетчии. Секоја година Бугари и Албанци доаѓаат во Грција. Тие имаат искуство, претходен стаж, и се почитувани заради работливоста.

Во текот на 2013 година, со владина одлука се одобрува наемот на точно 4240 странци од земји кои се надвор од Европската Унија и кои доаѓаат во Грција да работат легално за период од една година. Таа бројка може да биде зголемена за  уште десет проценти, за да се покријат итните потреби од работна рака.

За оваа година се проценуваше дека се потребни помалку работници од трети држави заради невработеноста во земјата, за која се претпоставуваше дека ќе доведе повеќе Грци кон нивите. Прогнозите всушност беа неточни. Се покажа дека дневната надница од 20-30 евра за осум часа работа на полето, не се смета за доволна за грчката младина.

„Има случаи на странски работници кои работат на тој начин преку целата година. Ако се работи не само во утринска смена, туку и попладне, надницата е повисока и еден искусен и вешт гурбетчија може да заработи и до 900 евра на месец“, изјави Костас Апостолу, претседателот на Сојузот на производители на конзерви.

Тринаесете претпријатија за производство на конзерви во Иматија и Пелас, се оние кои го обработуваат „богатството“ во регионот - праските. Од нив се прават познатите грчки компоти - производ за извоз кој со децении има водечка позиција на големите меѓународни пазари. Затоа фабриките имаат потреба од многу странски работници.

„Младите Грци не сакаат да работат на полето и во производствените фабрики. За жал ние тој менталитет им го пренесовме и на младите, и сега е тешко да го искорениме. Во секој случај, има и такви млади кои ги смениле ставовите заради кризата и сакаат да работат сезонска работа во полето и во производството. Платата која можат да ја добјат е поголема од официјално просечната плата која е веќе во сила кај вработените на возраст под 25 години“, подвлекува Апостолу.

Општиот став на сите кои работат во одгледувањето и преработката на земјоделски производи е дека „е за почит тоа да имаме сопствена работна рака и парите кои ги создава земјата да останата во државата“. Но додека тоа не се случи, всушност странците принудно ќе заземат повеќе од местата на неквалификуваните работници.

„За тоа што грчката младина не оди на полињата, иако работата и платата им е обезбедена, голема улога играат малкуте пари обезбедени од нивните татковци и веројатно пензијата на дедо. Треба исто така да се одбележи дека тој вид на работа не е лесна. Вистина е дека младите Грци пробно одат на нивите, но после си бегаат“, вели Тасос Халкидис - претседател на независното Зружение на земјоделци од областа Иматија. Тој е сопственик на 145 декари каде се одгледува претежно овошје, и за неггово собирање има потреба од општи работници. „Најмувам осум сезонски работници, на кои им плаќам плата и осугурување според законот. Им ги обезбедувам и сите удобства. Има и куќи во полето во кои тие можат да живеат, за да не мораат да најмуваат живеалишта“, објаснува тој.

Работниците од Бугарија, која е земја членка на Европската Унија, одат и работат во северозападна Грција без да им требаат дополнителни дозволи. За Албанците и Македонците се применува специјална процедура за работна сила надвор од ЕУ, која се одобрува со решение од минстерствата за внатрешни работи и за труд.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери