ЕНЕРГЕТИКА: Лани Македонија увезла речиси 700 000 тони нафта!
Објавено во: Економија 23 Ноември, 2012 09:20
Во 2011 година најмногу нафтени производи се потрошени во сообраќајот односно и 456 682 тони, при што најголемиот дел отпаѓаат на патничкиот сообраќај каде се потрошени 449 499 тони, додека останатите се во железничкиот и воздушниот сообраќај.
Според потрошувачката на нафтените производи следна на листата е индустријата каде се потрошени 231 792 тони нафтени продукти. Од индустриите најмногу нафтени производи трошеле индустријата на градежен материјал и керамика, потоа индустријата за железо и челик и прехрамбената индустрија.
Моторен бензин
Минатата година , во земјава потрошени се 130 191 тони моторен бензин од кои 129 797 во патниот сообраќај , а останатиот дел во земјоделството и воздушниот сообраќај.
Според податоците од Заводот за статистика , лани во земјава се увезени 62 783 тони моторен бензин а извезени се 54 699 тони. Произведени се 109 563 тони а имало и 12 543 тони залихи.
Дизел горива
Лани во Македонија се потрошени 414 912 тони дизел и горива за ложење, а најмногу или 284 991 тони се потрошени во патничкиот собраќај, во индустријата се потрошени 49 133 тони додека во домаќинствата 34 192 тони.
Според податоците на Државниот завод за статистика увезени се 334 734 тони а извезени се 184 362 тони . Залихите се во минус за 11 393 тони а произведени се 277 693 тони. Енергетските компании потрошиле 2 087 тони.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“





