22 Ноември, 2024
0.0323

Енергетска заедница: Македонија со убедливо најголемо поскапување на струјата во 2022

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Секретаријатот на Енергетската заедница, најрелевантното тело на ЕУ за енергетски прашања, во својот извештај ја прогласи Македонија за најголем поскапувач на електрична енергија минатата година од сите земји кои претендираат да станат членки на Европската унија. 

Нашата земја доживеала убедливо најголем пораст во просек на цената на електричната енергија во 2022 од сите други кандидати - Србија, Албанија, БИХ, Косово, Црна Гора, Украина, Грузија и Молдавија.

Цената во Македонија во просек се зголемила за 162 отсто, мислејќи тука и на таа на слободниот пазар, додека на второто место е Молдавија со поскапување на струјата за 135 проценти на годишно ниво.

- Само Косово значително го ублажи зголемувањето на цената за крајните корисници со намалување на даноците и давачките, што беше еден од главните политички инструменти и во ЕУ. Сепак, просечните цени на крајните корисници се сè уште пониски отколку во ЕУ-27 земјите, речиси два пати помали за индустријата и три пати за домаќинствата, забележува Секретаријатот

Од засега необјасниви причини, кај Македонија има огромно отстапување во цената на слободниот, односно либерализираниот пазар. Тука Македонија имала цена помеѓу 0,35 и 0,4 евра  по киловатчас. Тоа е голем ценовен шок за индустријата, која само една година претходно плаќала помалку од 0,15 евра за електрична енергија.

Овде Македонија е убедлив „шампион“, затоа што втората земја со највисока цена на слободниот пазар била Молдавија со 0,18 евра по киловатчас за индустријата, инаку многу помалку од Македонија. Кај останатите земји не ни имало толкави шокови, односно нагли ценовни промени.

Кај Македонија во однос на другите земји нема големи отстапувања кај категоријата домаќинства и мали потрошувачи на регулиран пазар. Кај овие корисници цената била 0,1 евро од киловатчас во 2022. Сепак има зголемување за некаде околу 16-17 проценти за една година.

Порастот на цените предизвикал пад на потрошувачката на струја и кај домаќинствата и кај индустријата во Македонија. Потрошувачката кај домаќинствата опаднала за 7-8 отсто, а поголем минус имало само во Албанија во оваа категорија. Што е поважно, и кај индустријата имало пад на конзумот во Македонија и тоа за околу 13-14 проценти, а тука единствено Црна Гора била повеќе погодена од нас.

„Вкупно е намалена потрошувачката на индустриските капацитети во Црна Гора, Северна Македонија и Молдавија. Намалена е потрошувачката на домаќинствата во Албанија, Молдавија, Северна Македонија и Србија“, забележува Секретаријатот.

Од сите осум земји, само Македонија спровела мерки за енергетска заштита на социјално ранливите категории на граѓани.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria