05 Декември, 2025
0.0407

Енергетски биланс: Ќе поскапува нафтата, ќе трошиме повеќе струја и гас, увозот ќе расте!

Објавено во: Економија 05 Декември, 2012 20:08

Добивај вести на Viber

Енергетскиот биланс за периодот 2013 – 2017 година предвидува пораст на потрошувачката сите енергенси, а тоа дополнително ќе го зголеми и увозот на истите. Според билансот, порастот на потрошувачката за енергија до 2017 година ќе продолжи со просечна стапка од 3,3% на годишно ниво. Потребите за енергија во 2013 година се очекува да бидат за 5,3% поголеми во споредба со годинава. Наредната година се очекува пораст на потрошувачката на сите видови енергенси. Најмногу 27,7% на природниот гас, 8,3 % кај нафтените деривати и 6,9 % кај геотермалната енергија, останатите видови енергенси се под 6%. „Вкупните потреби од енергија во 2013 година ќе се обезбедат со 52,2% од домашни извори и 47,8% од увоз. Од увоз се обезбедува приордниот гас, суровата нафта, сушен лигнит и одредени количини на електрична енергија“, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини. Во 2013 ќе расте потрошувачката на струја Планираните потреби за електрична енергија во 2013 година изнесуваат 9028GWh и се за 2,6 поголеми отколку годинава. Од вкупните потреби 76,5 % ќе бидат обезбедени од домашно производство, а 23,5% ќе се надиполнуваат со увоз. „Производството на електрична енергија во наредната година се очекува да биде поголемо од она во 2012 година, пред се како резултат на најавеното зголемено производство на АД ТЕ-ТО од Скопје“, изјави министерот Сарачини. Димитар Танурков од ЕЛЕМ во 2013 година очекува постабилна обезбеденост со електрична енергија, додека од ЕВН Македонија пак проектираат дека во 2013 година ќе испорачаат  за 2,1% повеќе струја. „ Загубите се очекува да изнесуваат 16,7 отсто од вкупната енергија во дистрибутивниот систем“, изјави Никола Ушинков од ЕВН. Тихомир Атанасовски од Пивара Скопје, побара објаснување од изготвувачите на енергетскиот биланс што ќе се случува со земјава догодина, ако се има в предвид дека ќе расте потрошувачката, но и увозот на струјата. Конкретен одговор не доби, освен дека годинашниов биланс е можеби меѓу најдобрите досега. „Ако ова е најдобро очекување, тогаш може ли да го знам најлошото“, праша Атанасовски. ОКТА и Макпетрол бараат внимателност - цените на нафтата на светските берзи растат Потрошувачката на нафтените деривати во 2012 е на ниво на потрошувачката во 2011 година. Потрошувачката на нафтени деривати во 2013 година е за 8,1% поголема од потрошувачката во 2012 година пред се поради зголемените планови за потреби од мазут за 25,7%. Од 2013 година се очекува пораст на увозот на сурова нафта од 335 илјади тони на 560 илјади тони. „Со оглед на турбуленциите на цената на нафтата на светските берзи најважна работа во иднина ќе биде сигурноста во снабдувањето. Очекувањата се дека во иднина ќе се зголемува потрошувачката на дизелот и плинот во однос на бензинот“, вели Ристо Јаневски од ОКТА. Со идентичен став и Зоран Додевски од Макпетрол, кој исто така предупреди на внимателност поради растот на цената на нафатата на светските берзи. И двете компании и Макпетрол и ОКТА побараа да се зголемат акцизите за екстра лесното масло за домаќинството и да се приближи цената до дизелот DV за да се спречат злоупотребите. Од Макпетрол најавија дека во наредната година ќе се фокусираат на поголема примена на течниот нафтен гас и метанот. ТЕТО ги направил најголемите проблеми за ГАМА Првиот човек на гасната компанија ГА-МА, Ратко Манов  обелодени дека фирмата се наоѓа во тешка ситуација, поради лошо планираниот енергетски биланс. „Нашиот ценет нов потрошувач ТЕ ТО, комбинираната гасна централа која во моментот не работи и не произведува електрична и топлинска енергија во изминатиот период ги направи најголемите проблеми во транспортниот систем ГАМА“ вели Манов. Имено регулаторната комисија за енергетика ги уважила податоците од ТЕТО, дека ќе потроши околу 350 милиони кубни метри гас. Од нив, вели Манов, ние транспортиравме само 66 милиони и тоа ни направи сериозен проблем. „Дојде и тоа време кога ние се наредивме во банките за да земеме кредит за да го опслужуваме системот во експлоатација заради вас ценети потрошувачи, но веројатно тоа ќе потрае уште малку, и ќе бидеме принудени да ве известиме за она што нам ни се случува и ќе бараме „чаре“ на друго место. Овде сакам да потенцирам гледајќи ги табелите, не сакам да покажувам со прст што направиле господата од ТЕТО, какви податоци напишале, но ви иднина јас ќе инсистирам, не само на вакви собири, туку и кај регулаторната комисија за енергетика доколку ги вградува овие желби на потрошувачите, тогаш како што велат Русите: Повелете платете го закупот на тие количини во цевководот за да не страдаат другите потрошувачи, нема проблем, тогаш може, цената ќе биде регулирана врз основа на тие количини и ќе може да фунцкионираме нормално. Доколку тоа не се случи, тогаш ние се доведуваме како транспортна фирма односно управувачи на системот за транспорт во Македонија да колабираме, а тоа ќе се одрази на сите потрошувачи и на стопанството во Реублика Македонија“, изјави Ратко Манов, директор на претпријатието за гас ГА-МА.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија