ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПИЈАЛОЦИ МОЖЕ БИДАТ ВИСТИНСКА БОМБА ЗА МЛАДИОТ ОРГАНИЗАМ: Проф. Софијанова за дејството на кофеинот кај тинејџерите
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2023
-Ни недостига
енергија, затоа ги пиеме енергетските пијалоци, велат 13 и 14 годишни тинејџери,
кои речиси секојдневно консумираат некои од овие напитоци во интересно
дизајнирани лименки. Истовремено,
најголем дел од родителите не ни знаат дека нивните деца ги пијат, а не се ни
докрај информирани што сè содржи еден енергетски пијалок. Велат дека парите
што ги даваат на своето дете секое утро, пред сè се за еден оброк додека
е во училиште. Но, продавачите во околните супермаркети секојдневно се сведоци
на огромна побарувачка на енергетски пијалоци од страна на децата и тоа за
време на големиот одмор.
-Купуваат и тоа некои од нив, скоро секој ден. Не е цигари или алкохол, па и не можеме да им забраниме да си купат енергетски пијалок. Јас лично имам укажано неколку пати дека таков пијалок е штетен за здравјето, но тинејџери како тинејџери, едноствано не слушаат. Велат: „ми се спие, а сега имам тест, мора да се расонам“..., посочува во изјава за Фактор, Радица. М, продавачка во еден од маркетите во Скопје.
Лекарите велат дека основците, особено учениците во погорните одделенија и уште помасовно средношколците посегнуваат по енергетските пијалоци затоа што им ја даваат потребната енергија за да го издржат нивниот „работен“ односно училишен ден. А, енергија им недостига бидејќи со часови се затворени или во училиште или дома, најгелмиот дел од денот, па дури и дозна во ноќта го поминуваат со мобилните телефони, и при тоа немаат скори никаква физичка активност.
Во разговор за Фактор, проф. д-р Аспазија Софијанова посочува дека еднократно земање енергетски пијалок и не може да направи некоја сериозна штета кај тинејџерите и младите, но ако тоа помине во навика, како што појаснува професорката, тогаш, енергетските пајалоци може да бидат вистинска бомба за младиот организам.
-Доколку тинејџерите испијат енергетски пијалок само еднаш не може ништо да им се случи. Но, ако тоа помине во навика, па се повторува, прво еднаш неделно, па два-три пати во текот на неделата, па потоа секој ден, тогаш наместо да им биде стимуланс, може да ги доведе во сериозна здравствена состојба. Децата стануваат надразливи, стануваат поагресивни, а кумулативното дејство на енергетските пијалоци во голема мера почнува штетно да влијае на органите. Прекумерното пиење на овие пијалоци може да доведе до бура на адреналин, што доведува до зголемување на пулсот. Значи, доколку децата секој ден, да не речам, дури и по неколку пати во денот, пијат енергетски пијалоци може кај нив да настане тахикардија, да имаат зголемен крвент притисок, да настане оштетување на срцето, на бубрезите...Значи веќе зборуваме за сериозни последици, вели проф. Софијанова.
Енергетските пијалоци се особено ризични за тинјџерите кај кои не се откриени евентуални срцеви аномалии, а кои евентуално постојат. Ова е една од главните причини, лекарите да апелираат до родителите постојано да им укажуваат на нивните деца што може и што треба да пијат и како да дојдат до потребната енергија, а при тоа да не ја бараат во некои од енергетските пијалоци.
Инаку, според бројни светски истражувања енергетскиот пијалок кој е всушност газиран пијалок со високо ниво на кофеин, шеќер, и други состојки кои ја зголемуваат енергијата, витамини Б и дополнителни состојки, се штетни и за возрасните луѓе, доколку секојдневно се консумираат.
Како што наведува Health Diges, честото консумирање енергетски пијалоци може да се смета за фактор на ризик за долгорочен развој на кардиоваскуларни болести поради нивните ефекти врз крвниот притисок и гликозата во крвта. Честото консумирање премногу шеќер може да доведе и до низа други здравствени последици, имено може да влијае на зглобовите, забите, кожата, црниот дроб, бубрезите, панкреасот и да го зголеми воспалението низ телото.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.