17 Декември, 2025
0.0435

ЕНЕРГИЈА ОД СОНЦЕ, ОТПАД, ВЕТЕР - со нов присап кон до почиста средина – професор Рафајловски со совети како до подобар енергетски систем

Објавено во: Економија, Македонија 12 Август, 2022 07:21

Добивај вести на Viber

Земјите членки на Европската унија остануваат на намерите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и прават се во нивна моќ за претстојната зима во која не планираат ниту најавуваат враќање на јагленот за производството на електрична енергија и покрај драстичниот порастот на цените на енргентите на светските берзи, укажува универзитетскиот професор Горан Рафајловски. Ова особено е забележливо во Германија, вели професорот од Факултетот за електротехника и информациски технологии, кој потенцира дека во Германија, воопшто не се размислува за напуштање на Кјото протоколот, ниту за враќање кон јагленот и остануваат на патеката за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

За разлика од нив, Македонија најави зголемена набавка на јаглен, но и на мазут, со цел да ја пребродиме зимата која доаѓа.

- Германија уште постриктно се држи кон политиките за намалување на јагерод диоксид, и нема намера да ги промени тие планови. Енергетската политика меѓу членките на ЕУ е различна, е во надлежност на самите држави членки на унијата. Тоа е еден дискрепанс меѓу нивните политики, но сите земји се условени во однос на емисијата на јаглерод диоксид, и она што можам да го кажам за Германија е дека они прават се во нивна моќ да останат на зацртаната патека. Веќе забрзано се прават складишта за течен гас, за потоа да го претворат во обичен, дури се градат и гасоводи од повеќе пристаништа. Дури и процедурата за добивање дозволи, лиценци за изградба на складишта која порано траеше дури и со години, сега е сведена на неколку месеци, со цел да се забрза процесот на обезбедување на простор за скалдирење на течен гас. Целта е да се направат резерви на количини на гас кои Германија смета дека нема да ги добие до Русија – укажува професорот Рафјаловски.

Втор значаен аспект во делувањето на земјите од ЕУ според нашиот соговорник се интезивни инвестиции во обновливите извори на енергија, пред се ветерни централи и искористување на сончевата енергија, за поголемо нивното учество во целокупнито баланс на електрична енергија. Сепак, потенцира дека значајна е дискусијата меѓу политичките партии околу нужноста за продолжување на работата на нуклеарните капацитети.

- Со оглед дека нуклеарните централи не испуштаат јаглерод диоксид, нивната проблематичност со заштита на човековата средина и климатските политика е на друга основа, радиоактивните елементи и трошоците за скалдирање на гориво, се очекува јака дебата. Тоа е една тенденција која полека, надвладува во одредени политички кругови, меѓу креаторите на политики, и се следат  и чекорите во ЕУ, која пак пред месец дена донесе резолуција во која на скоро исто рамниште ги стави капацитетите кои произведуваат електрична енергија на гас и на атомско гориво – прецизира Рафајловски и дополнува дека во ЕУ, Франција има најголемо производство од нуклеарни централи.

Тој вели дека според неговите согледувања нуклеарните капацитети кои не се затворени во Германија ќе им се продолжи рокот, но во однос на јагленот посочува дека нема големи дискусии, и можеби капацитети кои досега работеле на јаглен, ќе продолжат да работат како досега, но нема да има зголемување на нивните капацитети, ќе се задржат препораките и насоките согласно Кјото протоколот и согласно намерите за намалување на загадувањето.

Што се однесува до Македонија, нашиот соговорник потенцира дека во однос на обезбедување стабилно снабдување со енергија, а паралелно и за зачувување на животната средина, наспроти „враќањето“ кон јаглен и мазут, кои поради кризата државата ги набавува со цел да работат нашите капацити и да обезбедат енегија за потрошувачите, Рафајловски потенцира дека нема едноставен одговор, но предлага неколку решенија.

- Треба/ло да се инвестира во дисперзирани капацитети за производство на електрична енергија, во повеќе области на државата, а не да се концентрираме на главниот капацитет во Битола.  Тука мислам пред се на менаџирање на енергетските капацитети, во смисла на производство и потрошувачка. Македонија има големи проблеми со загадувањето, но исто така и со отпадот, и ние никако не можеме да оттргнеме од зависноста од РЕК Битола,  или ТЕЦ Неготино... ова потсеќа на она старото нашите баби и дедовци правеле ајвар и грав и ние само тоа ќе правиме. Мора интензивно да се работи на индивидуални права, правата на граѓани кои сакаат да инсталираат фотоволтаици кои ќе може да произведуваат електрична енргија за сопствени потреби, а вишокот да го даваат на дистрибутерот – укажува Рафајловски.

Професрот потенцира дека низ соодветна регулатива мора да се обезбеди стабилност на преносот на енергија, но и граѓаните да инсталираат фотоволатаици за добивање струја, а вишокот да го предаваат во дистрибутивната мрежа, а кога немаат да земаат од мрежата.

- Втор пристап кон кој треба да се сменат погледите е отпадот, кој го има во Македонија и кој може да се користи во комбинирани електрични и топлински централи, инвестиција која на долг период ќе се исплати, бидејќи ќе се добие енергија, а истовремено и почиста средината. Отпадот треба да се гледа како ресурс, не само како отпад... За нашата земја значајно е концентрацијата на фотоволатаици да се зголеми, како и искористување на употреба на отпадот како гориво, ќе добиеме дводимензионален ефект, со што ќе се ичисти средината, ќе се намали јаглерод диоксид, а ќе се искористи и отпадот во производството на електрична и топлинска енергија. Друга димензија која треба да ја размислуваме, е регулирање на транспортот, со што може да постигнеме голем ефект во насока на намалување на загадувањето и намалување на употребата на нафтените горива, преку зголемвуање на електричниот мобилитет, за кое има идеални решенија, а кои се практични за цела земја... транвај, железнички поврзувања на кратко растојание, на шински транспорт, базиран на електромобилитет, на електрични возови... кога би се употребила и биомасата која ја има Македонија на раполагање. Би можеле биомасите и отпадот од живинарските фарми да се употреби како  дополнителна комбинација за производство на биогориво – зелен гас, кое е многу присутно во Данска и германија... комбинација од енеригја од сонце, ветер, но и гас добиен од отпадот, и менаџментот со сообраќајот, може да се постигнат многу добри ефекти – укажува Рафајловски.

Воедно тој потенцира дека енергетиката бара планирање, но и нови погледи, не традиционално држење до познатите асппекти како увоз на јаглен или мазут. Според него мора да се излезе од познатиот круг на размислување и да се создаде нова енергетска политика.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас