ЕНИГМА ЗА КОБНИОТ 12 АПРИЛ 2012: Ќе победи ли правдата за петкратното убиство кај Смилковско езеро?
Објавено во: Македонија 12 Април, 2018 10:06
На кобниот 12 април 2012 со огнено оружје е извршено убиство на пет лица кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Масакарот кај Смилковското езеро се случи на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден.
Свирепо се убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски како и рибарот Борче Стефановски(45). Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.
Обдукцијата покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, затоа што се најдени чаури од три различни типа муниција, што алудира дека има повеќе од еден извршител на чинот.
Истрагата започнува распреплетено и макотрпно.
Автомобил „Опел Омега“ со темноцрвена боја бил пронајден на 10 километри од местото на убиствата. Министерката Јанкуловска на 16 април 2012 потврдила дека возилото што го нашла полицијата било на самото место на убиството.
„Трагите укажуваат дека токму ова возило било на местото на убиството. Упатуваме апел доколку некој го препознае, го забележал, да се јави на бројот 199“, изјавила Јанкулоска.
Возилото било донесено од странство и не било региститрирано во Македонија, но имало украдени регистерски таблички, кои своевремено припаѓале на Мерцедес, кој веќе не учествувал во сообраќајот.
Што се крие зад крвавиот настан?
Метју Брунвасер, дописник од Софија за американскиот дневен весник New York Times („Њујорк Тајмс“), во напис со наслов „Убиствата ги засилуваат етничките тензии во Македонија“ забележува дека „...Македонците беа во жалост заради смртта на петмина сонародници, во ситуација кога има шпекулации дека убијците се етнички Албанци, со што се појавија стравувања за нова рунда на насилство меѓу заедниците.“
За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
По укинувањето на пресудите, Врховниот суд во декември лани ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За Судот сѐ уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.
Предметот стигна и до СЈО.
-Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме подготвени за презентирање пред судот. Постапката продолжува во фазата во која се наоѓа предметот – изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на прес-конференција на 21/03/2018.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село
Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна
„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски





