Добивај вести на Viber
Европскиот парламент даде зелено светло за ослободување на помош од 670 милиони евра на настраданите во двата катастрофални земјотреси во италијанската област Емилија-Ромања.
За одобрување на помошта гласаа 661 пратеник „за“, 17 „против“ и шест беа воздржани. Помошта беше објавена во септември од Европската комисија.
Од тогаш ЕК и ЕП беа во конфликт во однос на изворот за финансирање на помошта. Конечно за време на преговорите за буџетот на ЕУ за 2013 година беше одлучено овие средства да бидат додадени на буџетот на унијата за годината.
Во земјотресите на 20 и 29 мај загинаа околу 30 лица, а повредни речиси 350 луѓе. Околу 45.000 лица беа евакуирани.
Поголем дел од зградите, инфраструктурните објекти и историски и културни споменици претрпеа значителни штети, што според проценките на властите изнесуваат 13 милијарди евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.