16 Декември, 2025
0.0453

Епидемија на ебола коси во Африка

Објавено во: Свет 28 Јуни, 2014 20:23

Добивај вести на Viber

Стотици лица починаа како последица на епидемија на ебола, која се шири низ три земји во Западна Африка - Гвинеа, Сиера Леоне и Либерија. Според податоците на Светската здравствена организација, до сега со ебола се заразени 635 лица, а кај 367 веќе имала смртен исход. Се очекува оваа епидемија на ебола да биде најдолга до сега, затоа што со оваа смртоносна болест се погодени некои од најсиромашните земји во светот. СЗО апелираше до западноафриканските држави кои се граничат со оние во кои се појави епидемијата - Мали, Брегот на Слонова Коска, Сенегал и Гвинеа Бисао - да се подготват во случај преку патници смртоносниот вирус да стигне и кај нив. Еболата особено опстанува во шумовитите предели на Гвиена, Сиера Леоне и Либерија, а нејзиното ширење го олеснува праксата на семејствата на починатите  да ги пренесуваат нивните тела во други земји и таму да ги погребуваат. Исто така, дел од заразените патувале во странство на лекување, дополнително ширејќи ја заразата. Еболата предизвикува дијареја, повраќање, слабеење на бубрезите и функциите на црниот дроб, а може да предизвика и надворешно и внатрешно крварење. Најмалку 90% од случаите на оваа болест завршуваат со смрт.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“