ЕПИДЕМИЈА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО КУМАНОВО: Возраста на заболените се движи од 4 месеци до 60 години
Објавено во: Македонија 02 Април, 2024
Прогласена е епидемија на голема кашлица во Куманово.
Центарот за јавно здравје Куманово прогласи епидемија на пертусис на ниво на Куманово. Епидемиологот Едита Размизи изјави дека од 26 пријавени на ниво на Центарот, 23 заболени се во Куманово. Возраста на заболените се движи од 4 месеци до 60 години.
„Најголем број се од 1 до 4 годишна возраст, потоа е под една година, таа од пет до 9 години, останатите се застапени по еден случај. Секако дека останува препораката и апелот да се вакцинираат децата за да се заштитат од оваа болест“, вели епидемиологот.
По едно заболено лице има во oпштините Крива Паланка, Липково и Кратово.