Епидемиологот Тиодоровиќ вели дека опуштањето на луѓето довело со семејни инфекции
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 09 Февруари, 2021
Опуштање не смее да има, се јавуваат и семејни инфекции, вели епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија, Бранислав Тиодоровиќ.
Тој објаснува дека епидемиолошката крива во Србија е израмнета на високо ниво и дека секој ден треба да има барем 20 до 25 отсто потврдени од вкупниот број тестирани.
„Во последните неколку денови ни расте бројот на прегледи во ковид амбулантите што говори дека вирусот е тука. Се јавуваат дури и семејни инфекции и мораме да сметаме дека поради убавото време, дојде до поголемо опуштање затоа што не се користени сите мерки кои се предвидени“, изјави Тиодоровиќ.
Вели дека сето тоа ќе доведе до благ пораст, и веќе се гледа дека ковид болниците и понатаму имаат голем број на пациенти. Тиодоровиќ рекол дека ако вакцинацијата оди побрзо, да зафати три милиони луѓе со вакцинација и да се смири ситуацијата, тогаш на лето можеме да излеземе од оваа ситуација и да влеземе во контролирана ситуација. Според него, можно е летово луѓето да одат на одмори ако вакцинацијата тече нормално. Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 12.830 луѓе за вирусот корона, од кои 2.014 биле позитивни, а починале 15 луѓе. Србија веќе вакцинираше повече од половина милион граѓани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.