24 Ноември, 2024
0.0279

ЕПИЛЕПТИЧНИТЕ НАПАДИ СЕ СЕКОЈДНЕВНИ БЕЗ ЛЕКОТ ТЕГРЕТОЛ: Со месеци го нема во Македонија, пациенти раскажаа за Фактор како се снаоѓаат

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Од аптека до аптека низ цел град, а потоа и во сите останати аптеки низ градовите на Македонија очајнички молат луѓето со епилепсија за лекот „Тегретол“. Во разговор за Фактор посочуваат дека без овој лек немаат нормален живот и дека е доволно само еден ден да останат без потребната терапија и да паднат среде улица заради епилептичен напад. Антонија Гугинска Јорданоска за Фактор посведочи за нејзината неколкумесечна потрага по овој лек кој ѝ овозможува секојдневно нормално функционирање. Вели „во потрагата се вклучени сите мои пријатели, буквално низ целиот свет“.

-Во моментов мои блиски пријатели буквално од цел свет ми го бараат лекот, од Австралија, Канада, Америка, Русија, Холандија, Малта, Кипар, Грција, Германија. Не знам сѐ уште кој ќе успее да го најде и дали со розев рецепт ќе им го дадат со оглед на кризата. Во Србија само во Ниш ми нашле 3 кутии. За среќа денеска од Косово ми се јавија и таму ги има сите лекови кои кај нас не може да се најдат, по иста цена како тука. Се снабдив со 4 кутии и тоа од 400мг и ми рекоа сега за сега да не се грижам бидејќи таму го има. Но, до кога е прашањето на кое нема одговор, за жал. Кај нас „Тегретол“ од 400мг нема со месеци наназад. Едвај најдов во Охрид 2 кутивчиња од 200мг кои не ми се доволни ниту за 10 дена. Набавував и од Бугарија, но еве кругот полека се стеснува. Навистина, сите ние кои живееме со оваа болест во моментов сме во една безизлезна ситуација бидејќи залихите низ цел свет се трошат. А што се однесува лично до мене, но колку што знам и на многу други луѓе со епилепсија, другиот лек “Карбамозепин“ кој го произведува кипарска фармацевтска компанија, а е со иста генерика како и Тегретолот, едноставно не ни одговара. Не ни делува. Инаку, пробав самата еден ден да бидам без потребната терапија и тоа беше сосема доволно за да ми се случи епилептичен напад, нагласува Гугинска Јорданоска во нашиот разговор.

Фактот дека овој лек го нема во Македонија за Фактор го потврдија и од неколку аптеки. Велат дека последниве неколку месеци нема повеќе видови лекови, не само овие кои се за епилепсија.

-Конкретно Тегретол на италијанската фармацевстска компанија Новартис го нема најмалку еден месец, можеби и повеќе, а сега веќе го нема ниту лекот од кипарската фабрика Карбамозепин. Ова се лекови со иста генерика и се многу стари генерации лекови но на пациентите очигледно дека одлично им дејствуваат. Освен тоа, Тегретол кај нас е ставен на позитивната листа на лекови што е огромно олеснување за луѓето на кои им е потребен. Но сега го нема ниту да си го земат со партиципација, ниту пак да си го купат. Инаку, има други лекови за епилепсија, и тие се нови  генерациии, но со сосема друг состав од Тегретол и Карбамозепин, значи имаат друга генерика. Многу од пациентите едноставно се плашат да сменат лек кои со години го употребувале и од кои имаат позитивно искуство, а освен тоа за да почнат да земаат некој друг, процедурата им е малку посложена. Треба задолжителна контрола кај лекар специјалист, нов извештај...Инаку, освен што ги нема овие лекови за епилепсија, има недостаток и од други, велат соговорниците на Фактор.

Недостатокот на лекови во моментов не е проблем само во Македонија. Цела Европа се соочува  вакво нешто. Во Шведска на пример, како што посведочи Гугинска Јорданоска, за лекови за дијабетес, пациенти патуваат и по 700 километри за да се снабдат. Таму недостигаат повеќе од 500 лекови.

Според последното истражување во аптеките во 29 европски земји, вклучително и членки на ЕУ, но и Турција, Косово и Македонија, од 200, 300 па на повеќе од 600 лекови. Четири земји во анкетата се изјасниле дека недостигот е поврзан и со смртни случаи.

Белгиските власти објавија дека недостигаат речиси 300 лекови. Во Германија тој број е 408, додека во Австрија во моментов во аптеките не може да се купат повеќе од 600 лекови. Списокот на Италија е уште подолг - со вклучени над 3.000 лекови, иако многу се различни формулации на истиот лек.

Нема антибиотици - особено амоксицилин, кој се користи за лекување на респираторни инфекции, нема сирупи за кашлица, детски парацетамол, а и лековите за регулирање крвен притисок, исто така се ретки.

Според истражувањето, недостатокот на лекови е последица на зголемена побарувачка и намалена понуда. Сезонските инфекции - грип и респираторен синцицијален вирус (РСВ) пред сè започнале да се појавуваат порано и се посилни од вообичаеното. Има и невообичаена појава на болеста на грлото поради бактеријата стрептокока кај децата, а освен тоа инфлацијата и енергетската криза, исто така, дополнително ги оптоваруваат фармацевтските компании, што влијае на понудата.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип