ЕПЛ го продаде милијардитиот iPhone
Објавено во: Мои пари 26 Јули, 2016 19:52
Аналитичарите од Волстрит пресметаа дека Епл веројатно во понделникот го продал својот милијардити „ајфон“.
Нивната математика отприлика е ваква: Од 29 јуни 2007 година до март 2016, Епл продал 948 милиони ајфони. Тоа значи дека му останало да продаде 52 милиони телефони во последните 4 месеци како би достигнал милијарда. Што Епл, според пресметките на аналитичарите и го направил. Се чекаат официјални податоци на компанијата.
Дотогаш, медиумите пренесуваат дека ЕПЛ сепак би можел да забележи втор квартал во кој продажбата на ајфони паднала во однос на минатата година.
Се очекува компанијата да објави 42, 11 милијарди долари приходи и заработка по акции од 1,38 долари. Овој период од годината никогаш не бил добар за Епл, но се стравува дека резултатите оваа година би можеле да бидат полоши отколку вообичаено.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




