ЕПЛ ја запре продажбата на своите производи во Русија поради падот на рубљата!
Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2014 14:14
Американскиот технолошки гигант ЕПЛ соопшти денеска дека ја запира онлајн продажбата на своите производи во Русија, бидејќи вредноста на рубљата е премногу колеблива како би се утврдиле нивните цени, јавува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.
Од тие причини, ЕПЛ, ја запре продажбата на ајфони, ајпади, и други производи во Русија, само ден откако следеше слободен пад на руската рубља.
Рубљата, како што потсетува британскиот сервис, во оваа недела изгубила преку 20 одсто од својата вредност, и покрај драстичната одлука на централната банка на Русија да ја покрене референтната каматна стапка од 10,5 на 17 одсто.
Рубљата рано утрово изгубила пет одсто од вредноста, па за еден долар требало 71 рубља, што било историски минимум.
ЕПЛ минатиот месец ги зголеми цените на своите производи во Русија за 20 одсто, откако слабеењето на рубљата ги направи Епловите производи во Русија поефтини отколку во Европа.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




