16 Декември, 2025
0.0539

Ердоган прогласи победа на локалните избори

Објавено во: Балкан 31 Март, 2014 10:23

Добивај вести на Viber

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган објави победа за неговата Партија на правдата и развојот на вчерашните локални избори во Турција. По пребројувањето на речиси 98% од гласовите, партијата на Ердоган освоила 45,5% од вкупниот број гласови, додека опозиционата Републиканска народна партија - ЦХП, освоила 27,9% гласови. Но, при пребројувањето на гласовите, претставниците на двете главни партии жестоко се судрија, обвинувајќи се меѓусебно за манипулации и кражба на гласови. Тензиите се засилија во текот на ноќта додека медиумите јавуваа спротивставени резултати од гласањето. Партијата на Ердоган води во трката за градоначалник на Истанбул, додека во главниот град Анкара се води изедначена борба. Полицијата од утрово зсилено го обезбедува плоштадот Таксим поради стравувања од можни нови протести по изборните резултати. Објавувајќи ја победата, Ердоган порача дека ќе го задржи досегашниот курс и оцени дека во Турција победила демократијата. На своите противници тој им префрли дека ги предале интересите на земјата и дека сакале да шират хаос. Овие избори се сметаа за клучен тест за довербата кон Ердоган, откако турскиот премиер и неговата Влада во изминатиот период се соочуваа со обвинувања за корупција, а им се префрлаше и дека се обидуваат да ги ограничат слободите преку забрана на Твитер и Јутјуб.  

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени