Ердоган за заеднички исламски фронт против тероризмот
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2015 18:05
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган апелираше денеска на муслиманските земји да направат заеднички исламски фронт против тероризмот и расизмот.
„Можеби можеме да говориме за различните јазици, можеби доаѓаме од различни краеви и имаме различно потекло, но, кога се соочуваме со тероризмот и расизмот, ние тие разлики мора да ги ставиме на страна“, рекол Ердоган на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул.
Тој отворено ги осуди џихадистите на Исламската група кои под контрола ја држат територијата на Сирија и Ирак и „убиваат муслимани во име на исламот“.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




