Ермира Мехмети со порака до ДУИ: Не ви требаат анализи, погледнете го само исходот од изборите
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2017 13:51
Екс пратеничката од ДУИ Ермира Мехмети чиј мандат заврши на крајот на 2016 година и која во моментов не претставува ниту една политичка партија, туку како што рече самата, е слободен граѓанин на РМ, на својата поранешна партија и упати порака преку социјалните мрежи.
Мехмети на Фејсбук напиша дека на ДУИ не му требаат анализи, доволно било само да го погледнат изборниот исход и да го изберат идниот коалиционен партнер.
„Ne fakt, BDI - se nuk i nevojitet gjithe kjo e ashtuquajtur analize per te vendosur partnerin per Qeveri. Mjafton ta kishte analizuar rezultatin e zgjedhjeve“.
-„Всушност, ДУИ-немате потреба од анализи за идниот коалиционен партнер во Владата. Изборниот исход ви го дава вистинскиот преглед.“ напиша Мехмети на Фејсбук индиректно кажувајќи го мислењето со кој треба ДУИ да формира владин кабинет.
Оваа порака доаѓа во пресрет на одлуката пред која е исправена партијата на Али Ахмети-Со кој да коалицира во идната Влада-со Груевски или со Заев?
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




