08 Декември, 2024
0.0255

ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАН, ИМА МРТВИ: Исфрли лава и до два километри нагоре

Објавено во: Свет 04 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Најмалку десет лица загинаа во ерупцијата на вулканот Левотоби Лаки-лаки во источна Индонезија.

Вулканот Лаки-лаки, кој се наоѓа на островот Флорес, еруптираше во неделата во 23:57 часот по локално време, исфрлајќи огнена црвена лава, вулканска пепел и вжештени карпи до висина од 2.000 метри.

Властите во Индонезија го подигнаа статусот на вулканот на највисоко ниво, поради што се евакуирани жителите на неколку околни села, соопштија денеска официјални лица, пренесува Ројтерс.

- По ерупцијата дојде и до прекин на електричната енергија. Потоа врнеше дожд, проследено со силни молњи, што предизвика голема паника кај луѓето кои се наоѓаат во близина на вулканот - изјави денеска Хади Виџаија, портпарол на Центарот за вулканологија.

Погодени се четири околни села

Ерупцијата на овој вулкан зафатила четири околни села чии жители биле евакуирани, но, како што е соопштено, животот го загубиле десет лица, јавува Анса.

Огнена лава и вжештени камења погодија села оддалечени седум километри од кратерот, а меѓу другото изгоре и католички манастир.

Селата најблиску до планината Левотоби беа целосно покриени со вулканска пепел, а властите потоа решија да ги евакуираат жителите на селата оддалечени десет или повеќе километри од центарот на ерупцијата.

Му претходеше ерупција на голем број други вулкани

Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област со висока сеизмичка активност на повеќе тектонски плочи.

Последната ерупција следи по ерупциите на голем број други активни вулкани во Индонезија.

Во мај, луѓето од седум села беа евакуирани поради ерупција на вулкан на оддалечениот остров Халмахере на планината Ибу.

Вулканот Руанг во Северен Сулавеси исто така еруптираше во мај, поради што властите евакуираа повеќе од 12.000 луѓе од областа.

Блиц.рс

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СИЛНИ ВЕТРИШТА ЈА БЛОКИРАА АНГЛИЈА - веќе има жртви, голем број домаќинства без струја (ВИДЕО)

СИЛНИ ВЕТРИШТА ЈА БЛОКИРАА АНГЛИЈА - веќе има жртви, голем број домаќинства без струја (ВИДЕО)

КОИ СЕ ХАЈАТ ТАХРИР АЛ-ШАМ? - по пресвртот во Сирија, кои се бунтовниците и кој ги поддржува

КОИ СЕ ХАЈАТ ТАХРИР АЛ-ШАМ? - по пресвртот во Сирија, кои се бунтовниците и кој ги поддржува

Падот на режимот на Асад и почетокот на „новата ера“ во Сирија: Бунтовниците влегоа во палатата

Падот на режимот на Асад и почетокот на „новата ера“ во Сирија: Бунтовниците влегоа во палатата

НАД 1.000 ГРАЃАНИ ЈА ТУЖАТ ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОРАДИ ВАКЦИНИТЕ! Размениле пораки и повици со извршниот директор на „Фајзер“

НАД 1.000 ГРАЃАНИ ЈА ТУЖАТ ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОРАДИ ВАКЦИНИТЕ! Размениле пораки и повици со извршниот директор на „Фајзер“

ЦЕЛ СВЕТ СЕ СМЕЕ - Погледнете што му направи Трамп на Макрон, социјалните мрежи горат (Видео)

ЦЕЛ СВЕТ СЕ СМЕЕ - Погледнете што му направи Трамп на Макрон, социјалните мрежи горат (Видео)

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker