Добивај вести на Viber
На неколку дена пред оптималните рокови за почеток на есенската седиба, поголемиот дел од земјоделците сеуште не почнале со подготовките, односно не ги имаат изорано нивите. Земјата од долгиот сушен период е премногу тврда, поради што тешко ќе оди орањето, а дождот токму сега кога им е најпотребен го нема. И за следната недела прогнозите за земјоделците не се оптимистички, повторно се предвидуват сончеви денови со локални дождови во само некои делови од земјава.
- Рокот за почеток на есенската сеидба е 10 –ти овој месец, но еве јас од 150 хектари површина, не сум изорал ниту декар. Земјата е пресушена, тврда па дури и да сакаме на сила, многу тешко ќе биде. Се поочигледно е дека оваа година ќе доцни есенската сеидба, а тоа значи дека, растението нема добро да се вкорени, ќе има опасност од измрзнување, а се тоа ќе придонесе за намалување на приносите. Целата ситуација е последица на сушата, вели Ангел Стојчевски, земјоделец, од село Сопот.
Оние земјоделци кои ги почнаа подготовките за есенската сеидба, велат дека поради недостигот на влага во почвата, трпат огромни трошоци кај механизацијата.
- Ние почнавме да ораме, но не е добро. Плуговите едвај ораат од што е тврда земјата. Па така ако минатата година еднаш дневно сме ги менувале ралниците на плуговите, оваа година тоа го правиме два пати, бидејќи нема доволно влага во почвата и има загревање. А тие делови чинат од 1.500 до 2.000 денари, Ивица Стојановски, земјоделец од село Иванковци
Но лошите временски услови не се единствениот проблем за земјоделците, пред есенската сеидба. Субвенциите ги земаа уште пред неколку месеци, а сега пред сеидбата како и секоја година повторно се зголемени трошоците за репроматеријалите.
- Нафата е поскапена, а според нашите пресметки таа учествува со 20 до 30 отсто во финалниот производ. Ние одамна бараме Владата да воведе зелена нафта за нас земјоделците, така е секаде во регионот, во Србија, Хрватска, Словенија, само кај нас нема. Цената на ѓубривото е зголемена, лани беше 1.200 денари вреќа, сега од 1.500 до 1.700 денари. Исто така ние баравме од ресорното министерство да ја намали киријата што ја плаќаме за закуп на земјиштето. Од друга страна оваа година во Овчеполието приносите од пченица беа катастрофални. Јас од моите површини имав од 600 до 900 килограми од хектар пченица, а приносите од јачмен ми беа околу 900 килограми од хектар, што е многу лошо, објаснува Стојчевски
И покрај лошите временски услови, препораките од научните земјоделски институции остануваат, земјоделците да употребуваат квалитетни семиња, навремена заштита и да ги применат сите агротехнички мерки. Но прашање е дали земјоделците во трката навреме да почнат со сеидбата и во кризна година колку и каде што може да заштедат, ќе успеат да ги испочитуваат овие земјоделски правила.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.