НАЈМАЛКУ 250 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Костал ја започнува третата инвестициска фаза
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2024
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Охрид.
Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ е во износ од 45 до 50 милиони евра и најмалку 250 нови работни места до 2028 година.
Со тоа, вкупната инвестиција на КОСТАЛ во Македонија ќе надмине 150 милиони евра со околу 1300 работни места. Веќе се реализирани дел од новите вработувања и е донесена дел од потребната опрема за производство.
- Проектот е насочен кон вложување во најсофистицирана опрема во сегментот „енергетска електроника” за автомобилска електроника наменета за најновите модели на електрични и плуг-ин хибридни возила на групацијата „Фолксваген“, како и за напредни мехатронски системи за Мерцедес, соопштија од владината прес-служба.
КОСТАЛ во 2023 година беше 9-ти најголем извозник од земјава. Компанијата работи веќе осум години на македонскиот пазар и бележи континуиран развој и раст. Клиентите на КОСТАЛ Македонија се „Фолксваген“ Групација (Фолксваген, Ауди, Порше, Шкода, Сеат), Мерцедес, БМВ, Јагуар, Ланд Ровер.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.