ЕСМ го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Блок 1 не е во дефект, туку е плански исклучен

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2023
АД ЕСМ ги демантира информациите што во јавноста ги пласира политичката партија ВМРО – ДПМНЕ со реакција дека Блок 1 на РЕК Битола не е во дефект од вчера, туку дека е плански исклучен.
„Во РЕК Битола нема дефект на Блок 1, ниту било какви други сериозни проблеми на некоја од постројките. Блок 1 на РЕК Битола е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции во постројката. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција“, објави ЕСМ.
Од таму додаваат дека активностите се преземени плански токму деновиве бидејќи сите останати капацитети на АД ЕСМ се во погон.
ВМРО-ДПМНЕ претходно објави дека Блок 1 на РЕК Битола има скинати цевки на котел.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
МЕТА И IBM ЛАНСИРАА АЛИЈАНСА - таа ќе ја промени вештачката интелигенција

ЗА САМО ТРИ ГОДИНИ КИНА СО ОГРОМЕН НАПРЕДОК: Фокус на зелениот развој и климатските активности

ПАРАДОКС НА БАЛКАНОТ - еве каде еден килограм џимиринки чини колку три килограми месо

Реновираната бензинска станица на „Макпетрол“ во Тетово е пуштена во употреба

ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР ПРОДАДЕ АКЦИИ ЕДЕН ДЕН ОТКАКО ОБЈАВИ ОТПУШТАЊА - еве како менаџер од Спотифај заработи над 9 милиони долари

ТИЕ СЕ НОВАТА СРПСКА ДЕЛОВНА ЕЛИТА - имаат најмалку 140 фирми и вртат милијарди

ТРГОВЦИТЕ СО ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ ЈА НАУЧИЈА ЛЕКЦИЈАТА - власта не отстапува од замрзнатите цени, можно е продолжување и по Нова Година - ИНФЛАЦИЈАТА ДОЈДЕ ДО 3,1 ОТСТО

„СО ЗДЕЛКИ КАКО ЧЕБРЕН СЕ ЗАГРОЗУВА СУВЕРЕНИТЕТОТ НА ДРЖАВАТА“ - Најчевска вели дека за ова одлуки не смеат да носат „грст корумпирани политичари“

КОМПАНИИТЕ ЈА НАУЧИЈА ЛЕКЦИЈА, НЕМА ДА СЕ ТОЛЕРИРААТ ЗЛОУПОТРЕБИ: Бектеши не открива дали ќе продолжат замрзнатите цени
