27 Декември, 2024
0.0287

Од 1 јануари: Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси – Министерството за енергетика со нов тарифник

Објавено во: Економија 26 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства.и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси.

Со измените во Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, надоместоците за минерални суровини се зголемуваат до 100%, што ќе значи и значајно зголемување на приходите за државата. Предлогот на министерството за зголемување на надоместоците е усвоен од Владата и објавен во Службен весник, со што новиот Тарифник почнува да се применува на 1 јануари.

Клучните измени вклучуваат:

- За користење на просторот за експлоатација: Надоместокот се зголемува за околу 30%.

- За експлоатација на мермер: Надоместокот ќе изнесува 5% од приходот од продадената минерална суровина, наместо досегашниот процент од фиктивна цена.

- Металични минерални суровини: Зголемување од досегашните 2% на 4%.

- Неметалични минерални суровини: Зголемување во просек над 100%.

Измените не ги засегаат надоместоците за енергетски минерални суровини, како јаглен, со цел да се спречи дополнителен раст на цената на електричната енергија.

Со оваа мерка, годишниот приход од концесиските надоместоци, кој моментално изнесува околу 10 милиони евра, значително ќе се зголеми. Овие средства ќе бидат насочени кон подобрување на јавните услуги и поддршка на економскиот развој.

„Со новите измени обезбедуваме фер наплата за користење на нашите национални богатства, штитиме одржлив развој и гарантираме придобивки за сите – и за државата, и за приватниот сектор.“ изјави министерката Сања Божиновска.

Министерството се раководеше од детална анализа на регионалните и светските практики, како и препораките од Државниот завод за ревизија. Извештајот од април 2024 година потенцира дека концесиските надоместоци во Македонија се најниски во регионот, што ја поттикна потребата за измени. 



Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал