ЕСМ: Моравме да го ангажираме „Марковски“ ако сакаме 100 проценти да биде снабдувањето кон ЕВН
Објавено во: Економија 26 Декември, 2021
АД ЕСМ вели дека ангажирањето на „Марковски компани“ во потрага по дополнителни 1.450.000 тони јаглен за безмалку 19 милиони евра со платен ДДВ е дел од обврската кон Владата за стоотстотно снабдување со електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме за домаќинствата и малите потрошувачи.
Од државните електрани велат дека законскиот минимум на снабдување е 60 проценти, но од Владата се обврзани тоа сега да биде 100 отсто со настапувањето на енергетската криза и високите цени на меѓународната берза.
За таа цел обезбедени се средства од Владата и затоа преговарањето било без претходно објавување оглас. Неизвесно е колкави количини ќе најдат., но „Марковски компани“ веќе започнал со работа.
„И покрај законската можност постапката да биде спроведена со само еден економски оператор, за учество во постапката беа поканети пет економски оператори, од кои четири се одзваа на повикот“, смета ЕСМ.
Од таму додаваат дека паралелно со овие активности за зголемување на ископот на јаглен во сопствените рудници, продолжуваат обидите за обезбедување на јаглен преку повикот кој ќе биде отворен во текот на целата 2022.
За договорот со „Марковски компани“ без претходно објавување оглас реагираше и опозицијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.