15 Декември, 2025
0.0361

ЕСМ се спои со ТЕЦ Неготино откако не успеа да го продаде

Објавено во: Економија 28 Септември, 2023 07:50

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ се спои со термоелектраната на мазут ТЕЦ Неготино во спогодба на присоединување на трговски друштва што ја иницираше Владата. Претходно ТЕЦ Неготино работеше како засебен субјект во владина сопственост.

Претходно, на крајот од 2022, Владата ја задолжи Електрани на Северна Македонија да почне постапка за изработка на физибилити студија за јавно-приватно партнерство или за продажба на ТЕЦ Неготино. Проценка на неговата вредност направи и Бирото за судски вештачења, но идејата за приватно менаџирање на мазутарата која претходно работеше како ладна резерва не се реализира.

Пазарните цени на електричната енергија на регионалните берзи и домашниот континуиран недостиг на домашна струја од термоблоковите на РЕК Битола на голема врата го вратија во игра заборавениот и по многумина отпишан ТЕЦ „Неготино“.

Владата со доаѓањето на енергетската криза на крајот од 2021 му даде дозвола на ЕСМ да го ангажира ТЕЦ-от, да му го плаќа мазутот и да му ја превзема произведената струја. МЕПСО му ги плаќаше трошоците за плати на повеќе од 200 вработени и одржување на постројките и за тоа издвојуваше над 3 милиони евра годишно. Подоцна, Државниот завод за ревизија утврди дека овие пари биле исплаќани за ТЕЦ Неготино да биде подготвен за вонредно вклучување во секое време, но тоа не се случило кога настапила енергетската криза.

ТЕЦ Неготино е најмaлата и најмалку користена термоцентрала во Македонија. Според официјални достапни податоци од 1995 година до 2008 година произвела вкупно 1.385 гигаватчасови струја (за да биде појасно тоа е количина што само еден блок на РЕК во добрите денови ја произведувал за само една година). Последната година, пред повторно да биде рестартиран, во која ТЕЦ Неготино работеше на потребите на електроенергетскиот систем е 2008 -та кога е ангажиран во месеците јануари и февруари.

ТЕЦ Неготино оваа година, според планот за 2023, треба да набави мазут во вредност од 200 милиони евра. Генерално, мазут за оваа термоелектрана се набавува од РКМ на Ратко Капушевски, кој подоцна стана партнер со Ерџан Сулкоски, бизнисмен од Кичево близок со Пуцко Петрол и ДУИ. Снабдувачот РКМ минатата година прикажа повеќемилионска добивка и огромни приходи.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година