ЕЦБ: Грција да ги заборави „лажните ветувања“ на СИРИЗА!
Објавено во: Балкан 07 Март, 2015 19:23
Грција треба да сфати дека нема друг пат освен реформите, изјавил членот на Управниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) Лук Коен во интервју објавено денеска , цитираат од агенциите.
Тој додал дека владејачката левичарска партија СИРИЗА им дала на Грците "лажни ветувања".
Коен, кој е гувернер на белгиската централна банка, рекол дека животот надвор од еврозоната ќе биде далеку полош за грчкиот народ, и предупредил дека ако Атина сака да биде финансирана од еврозоната, ЕЦБ и Меѓународниот монетарен фонд, таа мора да ги почитува правилата .
„Не верувам дека има друг начин. СИРИЗА даде ветувања кои не може да го испочитува“, рече Коен во интервјуто за белгискиот весник „Тиид“, пренесено од агенција „Ројтерс“.
Како и неговите колеги од еврозоната, Коен изјавил дека реформите се единствениот пат за Грција.
„Кажете ми откаде ќе дојдат парите, ако Грција не сака реформи и не сака да го плаќа долгот на другите европски земји“, истакна Коен.
Грците гласаа во јануари за Алексис Ципрас, лидер на СИРИЗА, поради неговите ветувања да го преговара договорот за меѓународна спасувачка помош, чии услови според многумина Грци ја насочуваат земјата во економски застој.
Според лидерите на ЕУ, меѓутоа перспективите на Грција се подобриле многу од 2010 година, кога земјата едвај избегна банкрот, и тие инсистираат Атина да продолжи со процесот на реформи.
„Ако Грците ја напуштат еврозоната, тоа ќе биде десет пати полошо за нив. Десет пати“, рекол Коен.
Министрите за финансии од еврозоната ќе разговараат за грчките реформи на состанокот во Брисел во понеделникот.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




