ЕУ ќе воведе санкции за Србија поради нападот во Бањска?
Објавено во: Свет 30 Септември, 2023
Можно е ЕУ да воведе санкции за Русија поради нападот во Бањска во северно Косово.
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел вели дека Брисел внимателно следи дали Србија ги исполнува барањата на ЕУ за смирување на тензиите на северот на Косово и доколку оцени дека Белград не ги почитува, ЕУ е подготвена да размисли за воведување казнени мерки против властите во Србија.
„Преземени се мерки во врска со Косово. Станува збор за политички и финансиски мерки, меѓу кои се и запирање на посетите и настаните на високо ниво, освен Дијалогот што го води ЕУ. Тие мерки имаат влијание и врз финансиската поддршка за Косово. Суспензијата е привремена и реверзибилна и ќе биде укината штом има деескалација на теренот. Во исто време, внимателно следиме дали Србија ги исполнува барањата на ЕУ и во случај на непочитување, ЕУ е подготвена да разгледа мерки“, рече Борел.
Тој повтори дека „деескалација мора да се случи сега, од двете страни“ и дека насилните дејствија како оној во мај 29 се „целосно неприфатливи и не можат да се повторат во иднина“.
Вооружена група во Бањска уби еден косовски полицаец, а загинаа и четири лица од групата.Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде одговорноста за нападот на Косово.