ЕУ порано од планираното ќе забрани увоз на руски течен гас
Објавено во: Економија 19 Септември, 2025 18:08
Европската Унија(ЕУ) планира да забрани увоз на руски течен природен гас (ЛНГ) во блокот една година порано од првично предвиденото, како дел од 19-от пакет санкции против Москва, изјавија во петокот европски функционери, промена што следува по притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс.
„Приходите од фосилните горива ја одржуваат руската воена економија. Сакавме да ги пресечеме овие приходи. Затоа го забрануваме увозот на руски ЛНГ на европските пазари. Време е да се затвори чешмата“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при најавата на предлогот, кој мора едногласно да биде одобрен од земјите-членки на ЕУ.
Предлогот за санкции отвора интензивни дискусии меѓу 27-те земји членки за постигнување договор.
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека новиот предлог има цел „да го забрза постепеното укинување на рускиот течен природен гас (целосно до 1 јануари 2027 година)“.
ЕУ претходно планираше постепено укинување до 1 јануари 2028 година, но американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати ја повикуваше Унијата побрзо да го прекине купувањето руски енергенси пред тој да преземе дополнителни чекори за притисок врз Москва.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала





