ЕУ се соочува со инфлација каква немале од 2001 година наваму
Објавено во: Економија 21 Април, 2022
Како што објави Евростат, Европската Унија(ЕУ) се соочува со инфлација каква немале од 2001 година наваму.
На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација мерена со Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (ХИЦП) во март изнесуваше 7,8 отсто.
Во еврозоната стапката на инфлација порасна од 5,9 на 7,4 отсто, соопштија статистичарите. Во февруари енергенсите поскапеа за 32 отсто.
Минатиот месец нагло пораснаа и цените на свежата храна, за 7,8 отсто.
Белгија и Словенија имаат пониски стапки на инфлација во март отколку во февруари. Потрошувачките цени повторно пораснаа најмногу во Литванија и Естонија, за 15,6, односно 14,8 отсто. Блиску е и Чешка со стапка на инфлација од 11,9 отсто.
Многу земји во светот се соочуваат со инфлација. Во Канада има највисока инфлација од 1991 година досега.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.