16 Декември, 2025
0.0603

ЕУ воведува нови санкции за Русија за една недела

Објавено во: Свет 31 Август, 2014 09:58

Добивај вести на Viber

За седум дена Европската унија се очекува да објави нови санкции за Русија заради нејзината инволвираност во случувањата во Украина, најави досегашниот претседател на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј. Тој избегна да даде објаснување какви дополнителни рестриктивни мерки ќе бидат воведени кон официјална Москва, а не прецизираше ниту кои услови Брисел бара да се исполнат за да се избегнат новите санкции. Лидерите на ЕУ ги договориле санкциите на синоќешниот состанок во Брисел, а нивното стапување на сила се очекува за седум дена доколку Русија не преземе чекори за смирување на украинската криза. Пакетот санкции ќе го дефинира Европската комисија и со нив Брисел сака да ја нагласи својата загриженост од ситуацијата на терен во Украина, која постојано се влошува. „Екстремно сме загрижени заради влошувањето на ситуацијата во Украина“, рече Ван Ромпуј по состанокот. Претходниот бран санкции што ЕУ и САД го воведоа кон Русија предизвика и вистинска трговска војна, бидејќи Москва на нив возврати со ембарго на увозот на прехранбени производи од западните земји.  

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица