Добивај вести на Viber
Компанијата „Еуролинк осигурување“ додели 19 стипендии на перспективни млади луѓе од Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје. Стипендиите се во висина од по 25.000 денари и се наменети за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање.
За стипендијата аплицираа студенти на додипломските студии од сите студиски насоки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
На доделувањето на стипендиите, Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување изјави: „Се надеваме дека ова е почеток на убава традиција на доделување “Еуролинк стипендија” на многу идни генерации на Правниот факултет “Јустинијан Први” во годините што доаѓаат. Сметаме дека еден од фундаментите на општеството е токму образованието и токму заради тоа ја почнавме оваа иницијатива со емоција за лична и корпоративна одговорност за општествените текови и поддршка во создавање подобра иднина за сите нас.”
Проектот е дел од долгорочната корпоративна платформа „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“ во редот на активности со кои се промовираат трајните културни вредности со цел унапредување на уметноста и културата во земјата.