19 Декември, 2025
0.0358

Еуролинк: Отсега осигурителни полиси ќе може да се купуваат и од дома!

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2012 10:49

Добивај вести на Viber

Осигурителната компанија Еуролинк, која месецов го слави својот јубилеен 10-ти роденден, започнува со промоција на иновативната услуга веб продажба на осигурителни полиси, како и со повеќе настани за своите вработени и клиенти по повод роденденот. Со новата е-полиса, граѓаните во Македонија за првпат, од дома ќе им може да купат осигурителни полиси преку интернет.

„Со воведување веб продажба во осигурителниот сектор во Република Македонија,  Еуролинк осигурување одговара на динамичниот начин на живеење на клиентите и на љубителите на интернет купувањето. Како современа финансиска институција, достигнувањата во дигиталната технологија во континуитет ги применуваме во полза на осигурениците.  Воведувањето на веб продажбата всушност претставува проширување на веќе воспоставената интернет продажба, овозможена за нашите надворешни дистрибутивни канали. Воедно, се заокружува 24-часовната поддршка, која како концепт Еуролинк го воведе на пазарот на осигурување во земјата уште во 2009 година.” - изјави м-р Александра Наќева Ружин, извршен директор на Еуролинк осигурување.

Услугата е-полиса e овозможена преку веб страницата на Еуролинк, а клиентите во првата фаза од овој проект можат да договорат осигурување за патување во странство, како и обнова на каско полиси и на полиси за домаќинско осигурување. Плаќањето се одвива по пат на платежни картички, а по успешно извршената процедура на плаќање, на мејл адресата на купувачот пристигнува полисата за осигурување со што осигурувањето е склучено. Еуролинк во моментов се наоѓа на второто место на пазарот на осигурување во Македонија.  

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка