17 Декември, 2025
0.0767

Еуромакс: 184 тони руден потенцијал лежат во рудникот Иловица

Објавено во: Економија 06 Август, 2013 16:38

Добивај вести на Viber

Најновата надградба на ресурсите на проектот за бакар и злато Иловица потврдија дека наоѓалиштето располага со околу 184 милиони тони руден потенцијал во категоријата „Измерено“ и „Номинално“ и 8 милиони тони во категоријата „Претпоставено“. Ова, како што соопшти Еуромакс рисорсис, е уште една јасна потврда за солидна основа за изградба и развој на оваа гринфилд инвестиција во рударството, прва од ваков вид во Македонија. - Среќни сме што ги постигнавме главните цели од нашата програма за дупчење за 2012-2013 преку зголемување на Измерени и Номинални ресурси во новите и мешани зони на Иловица од 22 милиони тони на 184 милиони тони при подобрени чистоти во однос на претходната проценка на ресурси објавена минатата година. Ова значи дека ја познаваме распространетоста и количината на минерализацијата на бакар и злато далеку подобро во Иловица и дека можеме да го развиваме проектот со повеќе доверба, вели Патрик Форвард, главен оперативен директор на компанијата. Еуромакс продолжува да спроведува програма за работа што ќе му овозможи на независниот консултант „Tetra Tech“ да ја заврши предфизибилити студијата (ПФС) во третиот квартал од годинава. Програмата вклучува геотехничко дупчење за да се испита стабилноста на косините на идниот површински коп и оптимизираноста на инфраструктурата, оптимизација на планот за рудникот што ќе ги вклучи резултатите од дупчењето со цел да се дефинираат рудните резерви и пристапот до зоните со висока содржина порано во процесот на експлоатација. Ќе продолжат и металуршките тестови во лабораторијата на СГС, особено флотациските тестови со затворен циклус и оптимизацијата на големината на ситнење, хидрогеолошката работа и геотехничката програма што ќе обезбедат информации за понатамошната оптимизација на проектот преку предфизибилити студијата, особено во поглед на развојот на инфраструктурата, развојот на нацрт-план на рудникот и инженерските компоненти, подобрување на сите проценки за капиталните и оперативните трошоци преку отпочнување на детални студии за инфраструктурата, пристапните патишта и хидројаловиштето како и оптимизација на класата на концентратот врз основа на резултатите од металуршките тестови и понатамошна проценка на исплатливоста. - По завршувањето на програмата за дополнителни дупчења и најавата на новата проценка за минерални ресурси за проектот Иловица, Еуромакс е уште еден чекор поблиску до остварување на нашата цел за изградба на првиот гринфилд рударски проект за злато во Македонија. Компанијата сега е фокусирана на завршување на комплет дополнителни тест програми и проценка на трошоците која ќе обезбеди неопходни податоци за развојот на предфизибилити студијата за проектот Иловица која треба да се заврши во третиот квартал во 2013 година, изјави Драги Пелтечки, рударски инженер и претставник на Еуромакс ресорсис. „Tetra Tech“ направи нова проценка на минералните ресурси за проектот и ги категоризираше резултатите според класификацијата на Канадскиот институт за рударство, металургија и нафта. Новата проценка за ресурсите ја отсликува конверзијата од категоријата Претпоставено во категориите Измерено и Номинално со подобрени содржини на злато и бакар во споредба со претходната процена на ресурсите објавена минатата година. Новата проценка на ресурсите исто така ги дефинира минерализираните зони со поголеми содржини на бакар и злато кои се распоредени компактно во просторот во рамките на концесиското поле. Начинот за нивна експлоатација ќе се разгледува дополнително во предфизибилити студијата. Во октомври минатата година, Министерството за животна средина и просторно планирање ја потврди согласноста за студијата за оцена на влијанието врз животната средина за проектот „Површински коп на бакар и злато на локалитетот Иловица – општина Босилово“. Владата на Република Македонија и Министерството за економија на Еуромакс му ја доделија и концесијата за експлоатација на бакар и злато на локалитетот Иловица, што претставува најважен проект за компанијата. Еуромакс е канадска компанија за истражување и развој на проекти за злато и основни метали во Македонија, Бугарија и Србија. Посветена е на идентификување, стекнување и развивање на минерални суровини во Југоисточна Европа. Според плановите рудникот за бакар и злато во Иловица треба да стартува со работа во 2017 година, а во неговата изградба ќе бидат вложени околу 500 милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас