06 Декември, 2025
0.2174

Evapify Group го засилува присуството на домашниот пазар со ALMA-M како ексклузивен дистрибутер

Објавено во: Мои пари 06 Август, 2025 17:10

Добивај вести на Viber

Европскиот гигант за алтернативни никотински производи Evapify Group, ексклузивен увозник на премиум брендовите Crystal, GeekBar и Drooly, го назначи водечкиот трговец на големо и малоALMA-за овластен партнер и дистрибутер во Северна Македонија, отворајќи ново поглавје во развојот на пазарот на вејпови и никотински кесички.

Evapify Group, водечка швајцарско-полска групацијаво сегментот на алтернативни никотински производи, потпиша стратешко партнерство со ALMA-M, компанија со повеќе од три децении искуство во трговијата на големо и мало, која важи за една од најуспешните компании на Балканот.

Со оваа соработка, ALMA-M станува ексклузивен дистрибутер на премиум производите од портфолиото на Evapify, меѓу кои се глобално препознатливите брендови CrystalGeekBar и Drooly. Партнерството означува почеток на нова развојна фаза, со фокус на проширување на пазарната покриеност, имплементација на современи логистички решенија, како и целосна усогласеност со европските регулативи и македонското законодавство.

Производите задолжително поминуваат низ ригорозниот процес на регистрација во Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Царинска управа на Република Северна Македонија, со поставување на соодветна македонска бандерола и регулирани внатрешни и надворешни упатства за употреба.

Ова е природна надоградба на нашето повеќегодишно присуство на македонскиот пазар. Со ALMA-M добиваме сигурен и стабилен партнер, етаблиран на локалниот пазар, со чие искуство и доверба кај клиентите, заеднички ќе ги подобриме и зацврстиме нашите позиции на пазарот.“ изјави  Дејан Манев, Country Director на Evapify за Македонија.

Соработката се темели на заедничка цел - обезбедување поголема достапност и повисок квалитет за потрошувачите.

Evapify е групација со пазарно присуство на три континенти, која нуди иновативни, премиум производи развиени споредевропската TPD директиваи највисоките глобални стандарди. Горди сме што заедно го подигнуваме нивото на достапност и квалитет на оваа категорија висококвалитетни производи на домашниот пазар“, истакна Генералниот директор, Ивица Петровиќ од ALMA-M.

Стратешкото партнерство помеѓу Evapifyи ALMA-M носи нови стандарди на пазарот со квалитетни алтернативни никотиниски производи во Северна Македонија. Ваквиот заеднички пристап дополнително ќе ја зајакне достапноста на премиум брендовите и ќе придонесе за понатамошен, долгорочен развој на целата индустрија во земјата.

Повеќе информации за Evapify погледнете на https://evapify.mk/

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј