22 Ноември, 2024
0.0337

Еве каде може да дознаете дали ви следува социјална помош или надоместок за технолошки вишок

Објавено во: Економија, Мои пари 20 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Во рамките на кампањата за правно зајакнување, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја промовираше новата веб-страница pravnozajakni.mk каде може да се најдат многу корисни информации околу тоа со кои права располага секој граѓанин на Македонија и кои чекори треба да ги преземе доколку се тие прекршени.

Основата на концептот на правно зајакнување е дека луѓето можат самостојно да го користат правото за да најдат конкретни решенија за своите правни проблеми, како и да бараат отчетност од властите за сите преземени дејствија што ги засегаат. Во таа насока, на веб-страницата, граѓаните можат да добијат правен совет за конкретни ситуации во кои се прекршени нивните права, како што се прекин на работниот однос, здравствена заштита, социјална парична помош, семејна пензија и сл. Воедно достапни се и контакти од граѓански организации чија задача е на граѓаните да им помогнат во правната битка, односно да им обезбедат бесплатна правна помош, параправна помош, стратешко застапување и др., контакти кои се од огромно значење за граѓаните, а кои претходно можеби немале каде да ги добијат.

Пристапот до правда за граѓаните не е секогаш нужно поврзан со долготрајни и скапи судски процедури. Општоприфатен став на јавноста е дека до правдата може да стигнат само граѓаните што се финансиски моќни да го издржат тој долготраен процес, што од почеток ги демотивира припадниците на различни маргинализирани групи како и мнозинството граѓани да побараат правна помош во ситуации кога се прекршени нивните права иако на располагање имаат бројни механизми. Токму затоа ФООМ со години, преку своите програми, работи на правно зајакнување на граѓаните и градење на капацитетите на граѓанското општество со цел да го засили потенцијалот на граѓаните да ги остварат своите права.

Досегашната практика на ФООМ покажува дека граѓаните засега ја препознаваат само бесплатната правна помош како единствен облик за пристап до правда. Преку новата веб-страница, граѓаните ќе можат да е запознаат и со останатите облици за пристап до правда со што ќе се стекнат со доволно знаење за да можат самите да се обратат на вистинското место кога ќе се соочат со правен проблем. Тоа е и една од основните причини зошто Фондацијата ја креираше оваа веб-страница.

Фондацијата до сега има реализирано голем број на активности, иницијативи, јавни дискусии и конференции, а оваа веб-страница е продолжение на залагањата на ФООМ насочени кон правно зајакнување на секој поединец.

Наша основна цел е да креираме институционална рамка за правно зајакнување на сите граѓани, со тоа што ќе обезбедиме различни начини за пристап до правда за граѓаните, вклучително и за најмаргинализираните групи во општеството на локално и на национално ниво. Генералната заложба на ФООМ е насочена кон национална имплементација на досегашните практики за правно зајакнување која ќе се реализира преку партнерство меѓу релевантните државни институции, локалните власти и граѓанските организации кои со години работат на полето на правното зајакнување – велат од ФООМ.

Во текот на активностите за правно зајакнување, кои опфаќаат правна писменост и помош, медијација, организирање на заедницата, водење судски постапки и други форми на застапување на граѓаните, ФООМ се фокусира на унапредување на системските реформи кои се во интерес на ранливите групи граѓани. Според најавите на ФООМ, иницијативата за правно зајакнување е насочена кон тоа да овозможи широка достапност на наведените услуги на национално и локално ниво, но и да обезбеди нивна финансиска одржливост. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат