ЕВЕ КАКО ПАДНА АВИОНОТ, ИЗЛЕГОА ПРВИ ВИДЕА ОД СТРАШНАТА НЕСРЕЌА! Страшна експлозија!
Објавено во: Свет 25 Декември, 2024
На социјалните мрежи се појавија првите снимки од падот на патнички авион на азербејџанската компанија АЗАЛ во Казахстан.
Се урнал за време на летот од главниот град Баку до Грозни, главниот град на руската република Чеченија, откако испратил СОС сигнал за помош додека бил над Каспиското Море.
Авионот потоа се упатил кон Казахстан каде пилотот планирал принудно да слета, но авионот се урнал во близина на аеродромот во градот Актау.
Според прелиминарните информации, во авионот имало 67 патници и пет членови на екипажот, а локалните власти соопштија дека шест лица ја преживеале авионската несреќа.
Азербејџанската новинска агенција АПА објави дека во моментов се верува дека инцидентот бил предизвикан од судир меѓу авионот и јато птици, додека британската телевизија Скај њуз објави дека авионот, кој се движел кон Русија, бил пренасочен кон Казахстан поради магла.
Дејли мејл објави дека во авионот имало 105 патници и пет членови на екипажот.
Се вели дека е снимен моментот кога авионот удира во земјата по нуркање и се претвора во огнена топка на божиќното утро.
The preliminary cause of the crash of the aircraft of the #Azerbaijan|i company AZAL in #Kazakhstan was a collision with a flock of birds. According to preliminary data, there're 67 passengers & 5 crew members on the plane flying from Baku to Grozny/#Russia, 12 people survived. pic.twitter.com/t2WMy2uA84
— Karina Karapetyan (@KarinaKarapety8) December 25, 2024