ЈА НАПУШТААТ ТУРЦИЈА И СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Колку Сиријци се вратија во татковината?
Објавено во: Свет 24 Декември, 2024
Сиријците масовно се враќаат дома. Неколку десетици илјади се вратија само од Турција.
Повеќе од 25 илјади сириски бегалци ја преминаа границата од Турција кон Сирија во последните две недели, по падот на претходниот сириски режим, и се вратија во својата татковина. Информацијата денеска ја соопшти турското Министерство за внатрешни работи.
Само во периодот од 9 до 13 декември, веднаш по падот на претседателот Башар ал-Асад, од Турција во Сирија се вратиле 7.621 луѓе.
„Турција, која дели повеќе од 900 километри долга заедничка граница со Сирија, продолжува да засолнува околу 2,92 милиони Сиријци кои избегаа од граѓанската војна од 2011 година“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја за државната новинска агенција Anadolu.
Повеќе од 500 илјади од нив живеат во Истанбул. Во турската амбасада во Дамаск и конзулатот во Алепо ќе бидат формирани канцеларии за миграција за да им се пружи помош на бегалците кои се враќаат во Сирија. Турските власти ќе дозволат еден член од секое бегалско семејство да отпатува во Сирија и да се врати во Турција уште трипати во првата половина на следната година, како дел од подготовките за преселување. И западните лидери се надеваат дека сириските бегалци постепено ќе се вратат дома. Австрија им нуди по 1.000 евра за да си одат во Сирија.
Во Сирија, жените протестираа и бараат исти права како и мажите.
Вооружени лица пак запалиле божиќна елка за што имаше протест во Сирија.