ТРАМП ЌЕ БАРА МЕРКАТА БРЗО ДА СЕ ВОВЕДЕ: Вели смртната казна ги штити Американците од силувачи и убијци
Објавено во: Свет 24 Декември, 2024
Спроведувањето на смртната казна ги штити Американците од силувачи, убијци и чудовишта, вели новиот американски претседател Доналд Трамп.
Трамп денеска изјави дека ќе побара од Министерството за правда „енергично да ја спроведе“ смртната казна.
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден вчера им ги ублажи казните на 37 од 40 федерални затвореници осудени на смрт, преиначувајќи ги во доживотен затвор без помилување. На почетокот на овој месец, Бајден им ги ублажи казните на околу 1.500 затвореници и помилува 39 затвореници.
Полицијата во Њујорк вчера приведе Гватемалец за кого се сомнева дека завчера во метро во Бруклин усмртил сопатничка, која жива ја запалил. Жената спиела, а тој ја запалил со запалка нејзината облека и избегал од метрото.