СЕ УРНА ПАТНИЧКИ АВИОН, ИСПРАТИ СОС СИГНАЛ НАД КАСПИСКОТО МОРЕ: Драмата продолжи на аеродромот во Казахстан
Објавено во: Свет 25 Декември, 2024
Патнички авион АЗАЛ кој летал од Баку за Грозни се урна во Казахстан на околу 3 километри од градот Актау, јавува АПА.
Авионот испратил сигнал „СОС“ над Каспиското Море.
Авионот, кој потоа се упати кон Казахстан на принудно слетување, се урнал на аеродромот во Актау.
Според првичните информации, во авионот имало 67 патници и 5 членови на екипажот.
Телеграф.рс