ЕВЕ КАКО СЕ ПРЕМИНУВА БУЛЕВАРОТ КОЧО РАЦИН НАВЕЧЕР: Најдобро да си носите факел да не ве качи некој на хауба
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2024
Советникот во Општина Центар од граѓанската иницијатива Шанса за Центар, Јане Димески, на социјалните мрежи веќе неколку дена реагира дека на булеварот Кочо Рацин во Скопското централно подрачје, нема осветлување.
„Како се преминува бул Кочо Рацин навечер , најдобро да си носите факел да не ве качи некој на хауба“, напиша тој на фејсбук.
„Бул. Кочо Рацин , мрак не знам која вечер по ред. Пешачките премини , ни пешаците не се гледаат. Град Скопје, Данела Арсовска арни сте? Треба да загине некој?, напиша во уште еден пост на фејсбук.