Еве како се затвори Хашкиот трибунал
Објавено во: Свет 21 Декември, 2017
Со свечена церемонија се затвори Меѓународниот суд за поранешна Југославија, познат како Хашки трибунал. На почетокот имаше едноминутен молк за сите жртви.
На церемонијата учевствуваа многубројни функционери, меѓу кои кралот на Холандија и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Трибуналот за десет дена и официјално ќе замине во историјата.
На настанот присуствуваат претставници од поранешните југословенски републики чиишто државјани беа изнесувани пред Судот во изминатите 24 години.
Основан е на 25 мај 1993 година од Советот за безбедност на обединетите Нации со цел да се осудат воените злосторници од југословенската војна.
Со работа престана на 30 ноември кога беа прекинати сите првостепени постапки, а останатите случаи ги презеде т.н. Механизам за меѓународни кривични судови.