ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ВИКЕНДОВ: Повеќе сонце, но и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи
Објавено во: Македонија 23 Август, 2024 06:16
Во текот на викендот како што најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски во Македонија времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Ќе има и појава на умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Сепак, во попладневните часови, и тоа во недела ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.
Наутро ќе биде свежо, со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 20 степени, додека максималните температури на воздухот ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро температурата ќе се спушта до околу 19 степени, додека преку ден таа ќе се искачи до околу 37 степени.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




