18 Декември, 2025
0.1053

Еве кој и каков автомобил купува во Европа

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2014 19:31

Добивај вести на Viber

Пазарот на автомобили во Европа во септември повторно бил во пораст, продадени се 6,4 одсто повеќе нови возила а најголем скок е забележан во Шпанија.

Како што соопшти Асоцијацијата на европски произведувачи на автомобили  (ACEA), на европско ниво во септември се продадени 1,23 милиони возила, наспроти 1,16 милиони во истиот период минатата година.

Меѓутоа, продажбата и понатаму е ниска за разлика од времето пред кризата  (2005-2006) кога месечно изнесуваше 1,4 милиони.

Во Шпанија, каде продажбата се преполовила поради економската криза, во овој септември е остварен раст од 26,2 одсто, додека на францускиот пазар изесувал 6,3 одсто, во Велика Британија 5,6 одсто, Германија 5,2 одсто, Италија 3,3 одсто.

И останатите земји на Јужна Европа имаа висока стапка на раст во септември - Грција 32,6 одсто, Португалија 31,7 одсто, Кипар 28,9 одсто, но обемот на продажба и понатаму е на ниско ниво.

Како што наведува истиот извор, на пазарот на автомобили, кој е уште во фаза на оправување, но со 13-месечен раст по ред, француските произведувачи бележат забележителен раст, Рено 10,7 одсто, ПСА Пежо-Ситроен 9,8 одсто во однос на септември 2013.

Сепак, најмногу продадени возила во ЕУ имал Фолксваген, со 290.500 единици во септември, со стапка на раст од 7,9 одсто за девет месеци.

Форд е на четвртата позиција според бројот на продадени автомобили од почетокот на годината до крајот на септември, со стапка на раст од 7,3 одсто, додека Џенерал моторс во истиот период имал пад од 3,3 одсто.

Италијански Фиат за девет месеци забележал раст по стапка од 2,7 одсто, германската компанија БМВ од 2,3 одсто а Дајмлер 2,1 одсто.

Во соопштението се истакнува дека одличен резултат остварил и јапонскиот Нисан, партнерот Рено, кој во септември ја зголемил продажбата на 16,9 одсто, иако Тојота на пазарот на ЕУ останала „број еден“ од јапонските произведувачи, со продажба на 400 илјади возила во девет месеци оваа година.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници