Еве кој ќе може да влезе во Грција без тест
Објавено во: Македонија, Балкан, Корона Вирус 14 Август, 2020
Камионџиите полесно ќе можат да влезат во Грција за разлика од другите граѓани.
Ова го овозможуваат протоколите.
Возачите на камиони ќе влегуваат во Грција без да поседуваат негативен ПЦР тест.
За влез кај јужниот сосед не e потребен негативен ПЦР тест само за возачи на товарни моторни возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Грција вчера воведе нов протокол за влез во земјата од граничниот премин Евзони, кој стартува на 17 месецов.
До крајот на август, на Евзони, во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји што имаат регулиран престој во земјата, дипломатски персонал и членови на нивните семејства, лица што патуваат од медицински и деловни причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување, како и возачи на товарни возила.
Земјите од регионот воведоа строги правила за патување.
Србија и Црна Гора бараат негативни тестови, а Грците летово правеа контроли и апсеа и туристи на островите за непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Епидемијата не стивнува во регионот.
Западен Балкан е подрачје каде заразата брзо се шири.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.