18 Декември, 2025
0.2192

ЕВЕ ШАНСА: „Катар Ервејс“ бара персонал од Македонија

Објавено во: Мои пари 31 Август, 2016 09:23

Добивај вести на Viber

Доколку сте отворени и комуникативни и подготвени да работите во мултинационален тим, а истовремено да се преселите во Доха или Катар, тогаш авиокомпанијата „Катар Ервејс“ го има вистинското работно место за вас.

Авиокомпанијата „Катар Ервејс“ на 10 септември организира интервјуа за регрутација на кабински персонал (стјуарди и стјуардеси) од Македонија. Од потенцијалните кандидати се бара да бидат стари најмалку 21 година, да имаат досег со рацете од 212 сантиметри, најмалку средно образование со течно говорно и писмено изразување на англиски јазик, одлично здравје и физичка подготвеност.

„Како национален авиопревозник за државата Катар, сакаме на најдобар можен начин да ја одразиме топлината и великодушната гостопримливост на Катар. Вечера во Париз, ручек во Њујорк, доручек во Монтреал, додека го обиколкувате светот на висина од 40.000 стапки во едни од најмодерните авиони во светот – ова дефинитивно не е вашата вообичаена канцелариска работа. Катар Ервејс е позната како глобална авиокомпанија со пет ѕвездички, која ги предизвикува воспоставените норми и претставува лидер во авионските услуги“, стои во огласот на оваа компанија.

Апликациите се поднесуваат до 10 септември, се аплицира ТУКА  а деталите за тоа како да се пријавите и што е потребно за апликација, ОВДЕ.

Неодамна Фактор имаше интервју со вработена македонка во оваа авиокомпанија. Дознајте ги нејзините искуства ќе ви бидат од корист доколку сте решени на овој предизвик.

ФАКТОР Интервју: Дознајте од прва рака како е да се биде стјуардеса во „Катар Ервејс“!

 

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка