26 Декември, 2024
0.0292

ЕВЕ ШТО НАПРАВИ ЏАФЕРИ ШТО ТОЛКУ ЈА ИЗНЕРВИРА ЈАВНОСТА: Видеото се проширува на социјалните мрежи, не стивнуваат реакциите

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска беше во ненајавена посета во СВР Тетово и ги посети канцелариите каде што се поднесуваат барања и се врши фотографирање на граѓаните за лични карти, пасоши и возачи дозволи со новото уставно име Република Северна Македонија. Посетата ја следеа дел од медиумите на албански јазик.

Џафери во изјава за медиумите истакна дека по посетата констатирал дека во СВР Тетово недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа.

-Како што најавив во Владата, институциите да не се изненадат што без најавување ќе ги проверувам вршителите на работите и обврските што ги имаат. Општ впечаток е дека недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа и релевантната институција во однос на организацијата ќе треба да се потруди примањето на документите да се одвива во една форма и обезбедувањето на готови документи во друга форма и луѓето чекаат да бидат информирани. Да бидат ​​организирани посебно. Да не бидат сите на едно место. Тие мора да бидат одвоени – тие што треба да ги поднесат барањата да бидат на едно место, а оние што треба да ги примаат готовите документи да бидат на друго место. Не смее да биде вака, да има гужви. Мора да се комуницира со граѓаните, рече тој.

Потенцира дека не е во негова надлежност да бара одговорност од вработените во СВР Тетово, туку ќе побара од министрите и замениците министри кои, како што рече, се надлежни за нивната работа.

-Не е моја надлежност да барам одговорност од нив. Ова е работа на надзор над работата на одговорните пред мене, а пред мене поднесуваат одговорност министрите и замениците министри и на нив ќе им се каже она што го најавив дека ова е начин на контролирањето, вршењето надзор над работата на оние кои треба да им поднесуваат одговорност на нив, рече Џафери.

Во една од канцелариите каде што се прави фотографирање за замена на возачите дозволи, Џафери праша „Како ви оди“ на што еден од вработените рече дека е тешко, има многу замена и дека имаат само една базна станица.

– Што сте правеле досега кога законот вели од кога треба да се издава, да се менува, му рече Џафери, на што вработениот одговори „Ние сме биле тука, којшто дошол сите биле услужени“.

Џафери продолжи со разговор и рече дека иако има нов рок декември ќе дојде како утре.

– Вие сте овде за да ги услужите овие луѓе надвор што се, рече Џафери и почна да зема документи од луѓето и да им ги дава на вработените. Нека излезе еден нека ги собере документите. Тој што треба да плати, дали се во ред документите, тој што има термин нека го чека терминот. Треба да ја организирате работата, даваше насоки техничкиот премиер.

Вработен во овој оддел му порача дека цело Тетово и Тетовско за замена на возачка дозвола се фотографираат само на тоа едно место кај нив.

Видеото што го објави порталот Нистори следеше речиси пет минути од разговорот на Џафери со вработени, а за цело време граѓаните го чекаа да замине за да продолжат со процедурата.


Тошковски со реакција

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски јавно го критикуваше упадот на Џафери нарекувајќи го непрофесионален и побара од него јавно извинување.

Министерот Тошковски  потенцираше дека секој вработен во МВР заслужува почит, без разлика на неговата позиција. Тој истакна дека таквата почит треба да ја почитуваат поединците кои имаат каква било функција, било да е тоа премиер, министер или која било друга функција. Тошковски го осуди однесувањето на Џафери, особено истакнувајќи го специфично однесувањето кон колешката и сопругата на починатиот припадник на Министерството за внатрешни работи.

Откако видеото се прошири на социјалните мрежи, јавноста почна да негодува, а министерот Тошковски реакциите ги оцени како сосема оправдани.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор